Don't Miss
Home / Култура / По Битола, “Ѕвончињата“ в сабота ќе пеат во Крушево во чест на Тоше

По Битола, “Ѕвончињата“ в сабота ќе пеат во Крушево во чест на Тоше

Детскиот хор “Ѕвончиња“ ја воодушевија публиката на концертот од хуманитарен карактер посветен на Тоше Проески, кој се одржа во салата на клавирите во битолскиот Завод и музеј.

20141018_182044

Заедно со трите групи “Ѕвончиња“, поделени според возраста, настапи и вокалната група Мелодиум, чии членови всушност, некогаш беа дел од Ѕвончињата, но сега се средношколци или пак академски граѓани.

Повеќе од еден час траеше концертот, во кој песни од Тоше изведоа Ѕвончињата, Мелодиум, голем број солисти од сите хорови. Пијано придружбата беше на Давор Нечак, а како гостин во последната песна Арија, на виолина настапи Марио Робе, под уметничко раководство на проф. Марина Коруновска.

10393806_10205048655482033_7521127223626718729_n

Ѕвочињата и Мелодиум ја продолжуваат својата мисија и во сабота на 25.10.2014, со настап во родното место на Тоше Проески, Крушево.

Во спомен куќата на Тоше, тие ќе го одржат хуманитарниот концерт „Пееме до ѕвездите 2014” со почеток во 12.30.

Влезот е слободен, а сите хумани луѓе кои ќе бидат дел од овој концерт, можат да донираат средства, кои во спомен на хуманиот карактер на Тоше, ќе бидат донирани во Домот за доенчиња и деца без родители во Битола, за набавка на медициски апарати за нивните штитеници.

Се надеваме дека и посетителите во Кушево ќе бидат исто толку хумани, како и битолчани- велат од детскиот хор “Ѕвончиња“.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*