Don't Miss
Home / Култура / Он лајн магазинот “Олабај“ заедно со Здружението “Форум16“ утре организираат јавен настан на Широк Сокак

Он лајн магазинот “Олабај“ заедно со Здружението “Форум16“ утре организираат јавен настан на Широк Сокак

Утре, на 31 октомври, он лајн магазинот “Олабај“ заедно со Здружението за граѓански активизам “Форум16“ (координатор на „Лице в лице” за Битола) организираат јавен настан “Оригами шоу” на Широк сокак, во периодот од 16:30 до 17:30 часот.

Темата на настанот е во иста насока како и темата која ја третира 12-тиот број на „Лице в лице” – ангажираната страна на уметноста. Авторите на “Оригами шоу“ имаат за цел да ве запознаат со социјалниот аспект на магазинот, со содржината на магазинот и да покажат што се може да се направи со истиот откако ќе се прочита.

лице в лице

-„Лице в лице” е поинаков и единствен магазин кој е посветен на универзалните вредности, на социјалната правда, на принципите на еднаквост, демократија и на хуманост. Се залага за човековите права, за правата на загрозените и на магринализираните групи и поединци, за вредноста на модерното општество, за соработка и за поврзување, за здраво физичко и ментално опкружување, за одржлив развој, за мир, против насилство, расизам и омраза од секој вид. Во овој број можат да се прочитаат текстови кои се поврзани со темите за моќта и улогата на уметноста во трансформација на општеството, уметноста како став, издигнувањето над популистичкиот театар, промените што ги прави независната сцена, улогата на уметноста во работата со ранливите групи, добронамерните акции на маргините. Купувајќи „Лице в лице” им помагате на многумина – како што се зголемува тиражот, повеќе луѓе добиваат можност да се тргнат од улицата и да го преживеат месецот- информираат организaторите, он лајн магазинот “Олабај“ кој е место за креативна олабаеност, катедра за едукација на публика и енциклопедија за Битола и Здружението  “Форум 16“.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*