Воведување на родовиот аспект во локалните политики, родова еднаквост при буџетирањето, родово сензитивни политики во време на пандемија и ранливи категории се само дел од темите за кои се разговараше на денешната средба помеѓу градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и претставничките на UN WOMEN – Телото на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените.
-Како партнерски организации ние ќе им даваме поддршка, експертска и техничка, а партнерот ќе ги инкорпорира принципите на родова еднаквост во своите стратешки планови и буџети, ќе го инкорпорира начелото за еднакви можности на жените и мажите, ќе ги надгледува ефектите и влијанието кое нивните програми го имаат врз жените и мажите и ќе поднесува годишни извештаи за прогресот.
Ние како организација пак ќе посредуваме во процесот на комуникација, ќе формираме меѓусекторска работна група за родова еднаквост, ќе развиваме последователни интервенции и родово специфични мерки, градење на капацитетите на советот и администрацијата и сл.“ рече Ивона Пауновиќ – Бишевац, национална координаторка на програмата за родово одговорно буџетирање.
Инаку Општина Битола е потписник на Меморандум за разбирање со UN WOMEN во рамките на проектот „Промоција на родово одговорни политики и буџети кон транспарентно, инклузивно и одговорно управување“