Don't Miss
Home / Вести / Битола ќе има свој претставник на Светските школски игри во Нормандија

Битола ќе има свој претставник на Светските школски игри во Нормандија

На Светските школски летни игри, кои ќе се одржат од 14 до 22 Мај во Нормандија, Франција, Битола ќе има свој претставник.

Тоа е ученикот Даниел Зхоу Главевски од гимназијата „Јосип Броз Тито“,

Претставници од Гимназијата „Јосип Броз Тито“, заедно со ученикот, на средбата со градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, посочија дека со досегашните постигнати резултати на Даниел, за прв пат училиштето има можност да учествува на еден ваков натпревар од светски ранг.

Градоначалникот Коњановски им посака голем успех на престојните Светските школски летни игри и истакна дека Општина Битола преку „Програмата за активности во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2022 година“  ќе го поддржи битолскиот средношколец и неговиот ментор со финансиски средства за нивното патување.

Инаку Светските школски летни игри се организираат секоја втора година и вклучуваат воспоставена рамнотежа помеѓу спортот и едукацијата, со цел да се зголеми свеста за улогата на спортот во воспоставувањето на фер игра, здрав начин на живот, почит и заедништво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*