Невремето кое ја зафати Битола им донесе многу проблеми на битолчани, но и предизвика голема материјална штета.
Од невремето најмногу настрадаа две паркирани возила на ул. Булевар 1 мај, до Пералната кои беа паркирани и кои “ настрадаа “ од старото дрво на Булеварот кое се откорна и ги потисна истите.
Едното од возилата беше подготвувано за свадбена веселба.
Денеска екипи на ЈКП “Водовод“ Битола и ЈП “Комуналец“ го расчистуваа местото каде се откорна дрвото и ги отстранија возилата.