Дијана Неделковска, двократен Светски шампион во екстремна самоодбрана, викендов на покана не нејзините колеги престојуваше во Софија, Република Бугарија, каде на свој мастер час го промовираше својот TFS [Top Fitness System].
На едно место, тренери од овој спорт од цела Бугарија, се собраа да разменат искуство и да остварат контакти се со цел подобрување и промоција на здравиот начин на живот. Неделковска беше специјален гостин на организаторот. Во импозантниот спортски објект на “Малееви” во елитниот дел на Софија, на воодушевувањето му немаше крај. Бугарските колеги прво со торта и подароци од својата држава и го честитаа последниот успех од Светското првенство во борби и боречки вештини, кое се одржа во Умаг, Република Хрватска.
Задоволна, но и видно изненадена, Дијана се заблагодари за неочекуваниот гест на спортската почит.
Воедно по мастер часот, Неделковска оствари и средба со госпоѓата Јулија Бербериан Малеева, доајен во бугарскиот тенис, која во името и на своите ќерки, олимписките репрезентативки на Република Бугарија и посака добредојде во Софија.
Бербериан симболично доби маичка со логотипот на Диди ТФС Тимот, клубот за понежниот пол која функционира долги години во склоп на Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола.
На настанот именуван како “Моќта на вежбањето”, присуствуваа повеќе од 30 врни инструктори и претставници на школи за пилатес, фитнес, аеробик итн. од цела Бугарија.
Како и многупати досега, Дијана Неделковска, покажа и докажа дека спортот и спортскиот дух не се мртви, и дека спортот не познава граници и политика, а на еуфорично воодушевување на присутните не чекаше многу, и подарокот од колегите, маичката на која пишуваше “Ја сакам Бугарија”, веднаш ја стави на себе, потенцирајќи дека спортот е универзален модел за меѓусебно разбирање, соработка и почит.
На крајот беа остварени и многу работни состаноци за идни проекти и гостувања со што се очекува во иднина да се реализираат работилници и во Република Бугарија и во Република Македонија, но и проширување на соработката со другите колеги од регионот, особено од Република Србија и Репблика Грција, каде Дијана Неделковска е синоним за спортски амбасадор на Македонија преку својот успех.
Б.В.