По повод стогодишнината од Првата светска војна, германската и француската амбасада, денеска заедно го одбележаа 11 ноември 1918 година, датумот на кој беше потпишано примирје со кое се стави крај на непријателствата.
Градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски и делегација од општина Новаци положија цвеќе на француските гробишта во Битола.
-Бидејќи на територијата на Општина Новаци поточно на Кајмакчалан се водеа големи битки помеѓу 1 200 000 војници од т.н Источниот фронт положивме цвеќе на француските гробишта во Битола со цел да оддадеме почит и достојно да го одбележиме овој голем јубилеј од помирувањето на завојуваните страни- изјави Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.
Општина Новаци досега во повеќе наврати соработувала со Франција особено во делот на развој на алтернативниот селскиот туризам а започна и со реализација на проект со оваа тематика Меморијален туризам со посебен осврт на Прва светска војна.
Б.В.