Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов, заедно со директорката на правни и општи работи, Душица Сеизовска Јовановиќ и директорот на развој и инвестиции Благој Гајдарџиски одржаа работен состанок со високи претставници од Кредитната Банка за обнова – КФВ.
На состанокот посебен акцент се стави на тековните активности кои се извршуваат во соработка и поддршка од КфВ Банка, Ветерниот Парк Богданци, ревитализацијата на шест големи хидроелектрани помеѓу кои ХЕ Вруток, ХЕ Врбен, ХЕ Равен, ХЕ Тиквеш, ХЕ Шпилје и ХЕ Глобочица, топлификација Битола кој е многу значаен проект за граѓаните од Битола, Могила и Новаци, како и други проекти кои се во тек и се планираат за наредниот период.
Посебно се истакна потребата од инвестициите во обновливи извори за енергија, дека сега е вистинското време ако се земе во предвид дека во нашата земја немало никакви инвестиции на ова поле во изминатите 30 години.
АД ЕСМ продолжува да се движи кон зеленото сценарио и ќе се стреми во иднина да бидеме енергетски независна земја која произведува електрична и топлинска енергија од обновливи извори на енергија.
Поддршката и соработката со институции како КфВ е од клучно значење и ќе придонесе за побрза и полесна транзиција кон Зелената агенда за Западен Балкан, со заложбата за транзиција кон чиста енергија, која има цел намалување на емисиите на стакленички гасови за 61 проценти