Don't Miss
Home / Вести / МКЦ-Битола директно и активно ги вклучува волонтерите за правење на добро во локалната заедница

МКЦ-Битола директно и активно ги вклучува волонтерите за правење на добро во локалната заедница

Младинскиот културен центар од Битола организираше креативна работилница за изработка на мурал во битолското основно училиште „Д-р Трифун Пановски“ по повод Меѓународниот ден на волонтерската и хуманитарната работа.

Волонтерите беа вклучени во подготовка и цртање на ѕидовите во училишниот двор и како што велат од МКЦ ова место во иднина ќе прерасне во едукативно катче за учениците.

– МКЦ-Битола е една од водечките волонтерски организации во нашата земја што го иницира, координира и организира првиот Ден на добри дела во Македонија, Целта е да се промовира солидарноста и помагањето на ранливи и маргинализирани групи во општеството преку директно вклучување на волонтерите за правење на добро во своите локални заедници. Следуваат и нови волонтерски акции не само во Битола, туку и во други шест градови низ државата- најави Златко Талевски, извршен директор на МКЦ-Битола.

Учениците и вработените во училиштето „Д-р Трифун Пановски“ во Битола беа воодушевени за прекрасниот мурал и истакнаа дека ваквите волонтерски активности кои шират позитивна енергија во градот, треба да продолжат и во иднина.  

 Инаку, Денот на добри дела е Меѓународен ден на волонтерска и хуманитарна работа што започнал да се прославува од 2007 година, како иницијатива на непрофитна организација и има за цел да ги обедини луѓето од целиот свет да прават добри дела за другите жители на планетата.

Васка М.Младеновска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*