Don't Miss
Home / Вести / Обновен и реконструиран Одделот за гинекологија и акушерство при Клиничката болница во Битола

Обновен и реконструиран Одделот за гинекологија и акушерство при Клиничката болница во Битола

Одделот за гинекологија и акушерство при Клиничката болница во Битола е комплетно обновен и реконструиран, и со тоа ќе се олесни неговото секојдневно функционирање, информираше на денешната прес-конференција раководството на болницата.

Изминатите месеци интензивно работевме нашиот Оддел за гинекологија и акушерство кој дава услуги на пациентки кои не се само од Битола, туку и од околните градови: Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево да го врати сјајот. Целиот оддел за гинекологија и акушерство е комплетно реконструиран и ревитализиран.Во нашиот Оддел во последните неколку месеци со заедничката заложба на менаџерскиот тим на Клиничка болница Битола, Раководителката на одделот – Прим. Д-р Елизабета Чипуровска и Д-р Николина Ристевска обновен е комплетно, реконструиран и ревитализиран целиот оддел за гинекологија и акушерство- изјави директорката на Клиничката болница Битола д-р Елизабета Ивановска.

Таа додаде дека се обезбедени најсовремени апарати и медицинска опрема што ќе ја користат докторите како и самите пациентки.

–Се потрудивме да создадеме подобри услови за родилките и нивните бебиња. При реконструкцијата на одделот беше извршена комплетна инфраструктурна реконструкција на водоводната мрежа и електричната инсталација, која не била променета повеќе од десет години. Се изврши замена на поголемиот дел од опрема што се користеше со апарати кои го олеснуваат секојдневното функционирање на одделот, вработените и пациентите. При реконструкцијата се направи еден холистички пристап и комплетно реновирање кое вклучува: родилни столови, гинеколошки столови, светла за преглед, повеќе нови инкубатори ЦТГ апарати, монитори, 2 вакуум аспиратори итн. Инсталирана е топлотна пумпа од марка ЛГ, а комплетно се реновирани две купатила со три санитарни јазли, и тоа преку донатори од Шведска кои во повеќе наврати донирале во Битолската болница- рече Ивановска.

Со комплетната реконструкција опфатени се сите болнички соби, работна соба на медицинските сестри, истите се опремени со нов инвентар а новина на гинеколошкото одделение во Битолската болница е GPS локатор нараквица која ќе ја олесни комуникацијата во итен случај меѓу пациентка и медицинската сестра.

-Оваа реконструкција и ревитализација на одделот гинекологија, не застанува тука, планирана е и реконструкција на приемно-ургентна амбуланта и сала за интервенции-додаде на денешната прес-конференција, директорката д-р Елизабета Ивановска која им се заблагодари на повеќемина донатори од Битола коишто придонеле во обновата на Одделот за гинекологија и акушерство при Клиничката болница во Битола.

Ја спомна донацијата на невладината организација Ханд тилл Ханд – Марија и Томас Росенгрен од Шведска.

Во името на сите вработени во ЈЗУ Клиничка болница Битола, Оддел за гинекологија и акушерство како и во името на менаџерскиот тим и од мое лично име, би сакала да се заблагодарам за несебичната поддршка на сите донатори кои учествуваа во овој наш проект и со тоа овозможија да се врати сјајот на нашиот оддел за гинекологија и акушерство каде на свет доаѓаат нашите најмили – децата.
Тука би ги спомнала:
Минт Групацијата, Фарма Пивковски, Еурофарм аптеки, Сигнатура аптеки, Роса Вита аптеки, Синпекс, Купер Маркети, Самостоен синдикат РЕК, БВ Инженеринг, Мерве керамика, Шате керамика, Кофи Ангел, КПД Затвор Битола, ЈП Водовод, Бал Бања, Генеа Лабораторија, ЗД Игнација, Фармахем, Мебло Трејд, Трампе компани……
За крај, би заклучила дека со оваа реконструкција и ревитализација на одделот гинекологија, која не застанува тука, напротив планирана е и реконструкција на приемно-ургентна амбуланта и сала за интервенции, се потрудивме да создадеме поповолна слика на болницата како подобри услови за родилките и нивните бебиња а со тоа ги стимулираме младите да обрнат внимание и да го негуваат личното и семејното здравје-рече директорката Ивановска.

Васка М.Младеновска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*