Во салата на Советот на Општина Битола денес се одржа презентација на извештајот „Зелен катастар -Дел три“.
Зелен катастар претставува современ систем за регистрирање, управување и мониторинг на зелените површини и урбаната дендрофлора во градовите.
Тој претставува еден од најзначајните информации за урбаната средина, а тоа е создавање на т.н. лична карта на секое дрвенесто растение
Зелен катастар е стратешки документ, а Зелен катастар дел 3 претставува континуитет на работата на општина Битола согласно законот за урбано зеленило со што е извршен попис на над 24 000 точки на територијата на град Битола со посебен акцент на централното градско подрачје. Во изработка на зелен катастар дел три беа попишани дрвја и грмушки на локациите:
Градски парк и АРМ кои беа комплетирани со претходната фаза (Зелен Катастар дел втори)
Се започна со ул.Партизанска Шик Лавци до кружен тек Веро, потоа се продолжи на ул.Васко Карангелевски, со што се продолжи и се опфати дел од булевар Први Мај. Во овој потег беа попишани сите дрвенести и грмушести таксони кои се наогаат од левата и десната страна на улицата.
По ова пописот продолжи на ул.Филип Втори Македонски и се премина на Паркот Стив Наумов. По завршувањето на Паркот Стив Наумов не беа комплетно завршени сите 12.000 дрвја и грмушки и како последна локација беше дел од населба Батаљон Стив Наумов-Карпош/Кланица-Дел од Градски парк-Булевар Социјалистичка Револуција-Довлеџик до кружен тек Педагошка.
Како резултат на недостаток на потполнување на бројката од 12.000 дрвја и грмушки се продолжи со евидентирање дрвјата и грмушките на дел од Батаљон Стив Наумов-Карпош/Кланица се со цел да се бидат попишани дрвја и грмушки согласно Договорот (12.000 дрвја и грмушки). Иако согласно со Договорот беа предвидени 12 000 дрвја и грмушки, на преставниците од Одделението за урбанистичко планирање и заштита на животната средина од страна на ТРИФОР беше посочено дека е возможен попис на поголем број точки поради затворање на цели површини. Така, на крајот беа попишани 2 564 дрвја и 9 470 грмушки или се вкупно 12 034 дрвја и грмушки.
На денешната презентацијата градоначалникот на Битола, Тони Коњановски истакна:
–Со зелен катастар дел 3 заокруживме една целина на градот, а во наредниот период ќе се врши попишување и на преостанатото зеленило во општината. Со овој документ се подобрува управувањето со зеленилото, а со тоа и директно се зголемува грижата за здравјето на граѓаните. Овие процеси не само што го намалуват глобалното затоплување, туку и го подобруваат локалниот квалитет на воздухот-истакна градоначалникот Коњановски. Тој изрази благодарност на изработувачите Здржение на граѓани за поддршка на шумарството и животната средина „Трифор“, Скопје за прекрасната соработка, за изработувањето на изминатите два зелени катастри, нивната посветеност, ефикасност, професионалност и исполнестост на задачите поставени од страна на град Битола.
Во своето понатамошно излагање градоначалникот Тони Коњановски ја потенцираше важноста од почитување на Законот за урбано зеленило што подразбира дека секоја градежна парцела мора да има најмалку 20 отсто зеленило се со цел да не се дозволи дрвјата да ја изгубат битката со бетонот“.
Урбаната дендрофлора и зелениот катастар заедно создаваат интегрирана платформа за долгорочно и одржливо управување со зелените ресурси во градовите. Тие овозможуваат ефикасно планирање на нови и зелени површини, мониторирање на состојбата на постојните дрвја и подобрување на квалитетот на животната средина. Преку нивна имплементација градовите можат да создадат поодржливи и зелени урбани средини кои ќе ги подобрат условите за живот на сегашните и идните генерации. Во ера на зголемени климатски предизвици, нивната улога е од клучно значење за намалување на ефектите на урбаните топлински острови, апсорпција на загадувачите и заштита на биодиверзитетот.
Општина Битола ја има водечката улога во таа насока и е Општина која во континуитет работи на подобрување и обезбедување на поквалитетна животна средина.