Home / Uncategorized / Потпишан проектот “Интеграција на зелен транспорт во градовите“

Потпишан проектот “Интеграција на зелен транспорт во градовите“

Во Општина Битола, од страна на градоначалникот м-р Наташа Петровска беше потпишан Договорот за партнерство во проектот „Интеграција на Зелен транспорт во градовите “ од првиот повик од Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 со акроним “Green inter e mobility”.

Вкупниот буџет на проектот кој ги вклучува Општина Битола и Општина Ресен од македонска страна и Општина Преспа, Општина Флорина, Технолошкиот образовен институт на Западна Македонија (TEIWM) и Универзитетот од Патра (UPAT) од Република Грција, изнесува 1.017.627,40 евра. Од нив, предвидениот буџет за Општина Битола е 196.330 евра.

Целта на овој проект е преку примена на обновливи извори на енергија да се дизајнира и примени енергетски ефикасен, регионален интелегентен транспортен систем – ИТС кој ќе го поддржи ефикасното остварување и промоција на секојдневниот транспорт на спортистите и учениците, како и олеснување на транспортот во нивното секојдневие.

Користејќи ја оваа нова иновативна технологија, проектот „Зелен транспорт“ ќе се приближи до активностите и идеите за животна средина и ќе делува како пример за идна интеграција на слични иновативни инфраструктурни системи во општината, со цел да имаме поголема заштита на животната средина и активна употреба на електрични возила.

Покрај подобрување на транспортот со еколошки решенија, Општина Битола преку овој проект ќе придонесе и за зголемување на меѓусебната размена на знаења и искуства меѓу спортистите и учениците во регионот, соопштија од општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*