Засега непознати лица рано изутринава, 40 минути по полноќ, го запалиле автомобилот на актуелен советник на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.
Иако, полицијата не излегува во јавноста со името на сопственикот чиј автомобил е запален, сепак, според извори на “Битолски весник“ дознаваме дека станува збор за автомобилот марка “ауди“ на актуелниот советник на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Милошевски, инаку, екс- координатор на ВМРО-ДПМНЕ и првиот градоначалник на Битола по осамостојувањето на Македонија.
Пожарот го забележале соседи на советникот, кои веднаш пријавиле во полиција, а на местото на пожарот пристигнала и протипожарната единица која брзо го локализирала истиот.
Од подметнатиот пожар изгорен е внатрешниот дел од возилото, оштетена е и каросеријата. Полицијата поведе истрага против лица за кои се сомнева дека го подметнале пожарот, а истрага нареди и основниот јавен обвинител.
Б.В.