Don't Miss
Home / Вести / Мицкоски со одлична вест: Растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто споредбено со лани

Мицкоски со одлична вест: Растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто споредбено со лани

На пат од Валенсија кон Скопје, добив одлична вест во авион: раст на индустриското производство за март од 5,2% на годишно ниво, споредено со март 2024 година и после долго време раст на индустриското производство на квартално ниво, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Имено, во првиот квартал од 2025 споредено со првиот квартал од 2024 година, индустриското производство порасна за 2%. Посебно радува фактот што расте преработувачката индустрија во март за 4,8%, а во првиот квартал за 3,6%, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски одговори на прашањето: „Што наследивме како влада?“

Во вториот квартал од 2024 година, индустриското производство паѓаше со -7%, а индустријата беше во тешка рецесија. Следеа два квартали на стабилизација и конечно имаме во првиот квартал од 2025 година раст на индустриското производство, во исклучително сложени услови за европската економија и автомобилската индустрија. Ова се солидни индикатори и инспирација да продолжиме со дисциплинирани и развојни економски политики. Горда Македонија е богата Македонија, рече премиерот Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*