СВР Битола и оваа година традиционално како и Министерството за внатрешни работи продолжува заедно со граѓаните да го чествува Денот на македонската полиција-7 Мај.

По тој повод, денеска Кабинетот на СВР Битола и сите припадници на полицијата при СВР Битола за одбележување на празникот положуваа свежи цвеќиња пред споменикот на бранителите СВР Битола и пред споменикот „Анѓел” пред градскиот часовник.

Исто така, вратите на СВР Битола и останатите ОВР и полициски станици беа отворени за сите граѓани за посета, а посебно за најмладите деца од градинките и училиштата како од Битола така и во останатите ОВР при СВР Битола.

Со прикажување на опремата и возилата, најмладите денеска се запознаа и со улогата на, како што велат од полицијата, чичко полицаец.