Don't Miss
Home / Вести / АД ЕСМ, Подружница РЕК „Битола“ беше дел од Саемот за кариера на Факултетот за информатички и комуникациски технологии

АД ЕСМ, Подружница РЕК „Битола“ беше дел од Саемот за кариера на Факултетот за информатички и комуникациски технологии

АД ЕСМ, Подружница РЕК „Битола“ повторно беше дел од Саемот за кариера на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ)-Битола.

Ја продолживме традицијата со учество на Career Expo 2025 каде се сретнавме со идните инженери од компјутерски науки и комуникациско инженерство. Во рамките на настанот, го претставивме нашиот сектор за деловно технички апликации кој произлегува од службата за Автоматска обработка на податоци и разговаравме за можностите за практична настава за студентите во Комбинатот-информираа од АД ЕСМ, Подружница РЕК „Битола“.

Оттаму додаваат дека со продеканката на ФИКТ, проф. д-р Костандина Вељановска, ја разгледаа идејата за продлабочување на партнерството преку Меморандум за соработка.
Саемот уште еднаш ги спои знаењето, искуството и младоста, а ние сме горди што бевме дел од оваа значајна платформа-велат од АД ЕСМ, Подружница РЕК „Битола“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*