Don't Miss
Home / Градска хроника / Чистењето на Црна Река приоритет за заштита од поплави во Новачко поле

Чистењето на Црна Река приоритет за заштита од поплави во Новачко поле

Општина Новаци постојано ја следи актуелната состојба со поплавите кои доста често знаат да ги зафатат обработливите површини. Се интервенира на чистење на каналската мрежа и се преземаат засилени мерки заради најавеното зголемено количество на врнежи во следниот период.

Еден од најгорливите проеблеми е неисчистеното дно на речното корито на река Црна. Иако каналите се чистат редовно, неисчистената река Црна години наназад претставува вистински проблем за жителите на општините Новаци и Могила. Само системско и целосно чистење на оваа река може да ја намали опасноста од поплави во пелагонискиот регион.

-Нивото на река Црна изнесува 2 метри а максимумот кој претставува аларм за опасност изнесува 3,5-4м. Но и покрај тоа што засега се е во ред ја следиме состојбата со каналите, а претходно спроведовме и акција на чистење на 9-от и 10-от канал, кои врват низ целата територија на општина Новаци. Затоа е неопходно детално чистење на дното на реката бидејќи не е чистено со години и е некаде околу 1-1,5 метар повисоко од основното- изјави Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци

Битолскиот регион на Пелагонија има околу 135 километри каналска мрежа. До оваа година се исчистени 105 километри, а деновиве фирма која не е од Битола го доби тендерот за чистење на преостанатата каналска мрежа, со што, почнувајќи од 2006 година, 135-те километри ќе бидат целосно исчистени. Од следната година, повторно ќе треба да се започне со темелно чистење, но во надлежност на Јавното претпријатие “Битолско поле“.

-Оваа година ќе се чисти 3-тиот, 4-тиот, Агларски канал и Ивањевски канал. До 2012 година каналите се чистеа со нафта од стоковите резерви во надлежнсот на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи- изјави  Димче Јошевски, од Дирекцијата за заштита и спасување.

Паралелно со чистењето на каналите, чиј надзор засега го врши битолското водостопанско претпријатие, се чистат и терцијалните канали со багери во селата од општините Могила и Новаци.

По потреба, при поплави, во акциите се вклучуваат и битолските јавни претпријатија “Нискоградба“, “Водовод“ и “Стрежево“.

 

К.Ч.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*