Don't Miss
Home / Uncategorized / Да не се злоупотребуваат податоците за амбиенталниот воздух во Битола

Да не се злоупотребуваат податоците за амбиенталниот воздух во Битола

Љубо Атанасовски, советник по животна средина во Општина Битола ја информира јавноста дека во изминатиот период како советник по заштита на животната средина и природата, вработен во одделението за животна средина во општина Битола остварил повеќе средби со „Здружението за нас се работи“ по нивно барање за состојбата за квалитетот на амбиенталниот воздух во општина Битола.

-Во овој период се одржаа три трибините на кои зедоа учество голем број на експерти кои дискутираа за состојбата за квалитетот за амбиенталниот воздух во нашата општина. Мојата изјава за состојбата на амбиенталниот воздух е извадена од контекст во смисла на тоа дека тоа се концентрации кои се однесуваат на часовни концентрации за суспендирани частички ПМ10 додека пак меродавни се дневните концентрации на суспендирани частички ПМ10 кои во нашата општина за 2013 год. не поминова повеќе од 69 микро/грами/ М3. кои се официјални податоци од мерањата на мерната станица Битола1. Сите мерки кои се донесуваат за заштита на амбиенталниот воздух во општината тргнуваат од просечните дневни концентрациите на ПМ10. Доколку тие дневни концентрации се во континуитет од 5 денови над 50 микро/грами М3 општината има обврска да ги информира граѓаните, доколку овие концентрации се во континуитет од 10 дена општина Битола согласно донесената програма за заштита на амбиенталнит воздух спроведува соодветни мерки- вели Атанасовски.

 
Тој уште  заради објективно информирање на јавноста ги повикува членовите на “Здружението за нас се работи“ со кои што во изминатиот период имал  неколку средби во идниот период да не вршет злооупотреба на дадените податоци и отвореноста на општината за соработка со нив затоа што сите активности кои се превземаат и ќе се превземаат согласно констатираните состојби се во насока за подобрувње на амбиенталниот воздух во општина Битола што секако е цел на локалната самоуправа и на граѓаните кои живеат во општина Битола, посочува  Љубо Атанасовски, советник по животна средина во Општина Битола.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*