Home / Градска хроника / Во Битола се спроведува акцијата “Ден на дрвото- засади ја својата иднина“

Во Битола се спроведува акцијата “Ден на дрвото- засади ја својата иднина“

Денеска во рамки на акцијата “Ден на дрвото- засади ја својата иднина“ во Битола, за првпат се засадуваше во урбаниот дел на градот, на организиран начин. Поделени се триста дрвца кои ќе го разубават урбаниот дел, во грдскиот парк, делот над супер маркетот “Веро“ кон Брусничката населба и на други места.

den na drvo 3

-Во градскиот парк каде денеска засадуваме, од претходната локална самоуправа наследивме во најблага форма речено вистинска џунгла. Во катастрофална состојба беше третиот дел од Паркот. Акцијата продолжува кон месноста викана Ротино, таму ќе се засадува поголема површина. Стручњаците велат дека овае добар период за засадување, а тоа го покажуваат и резултатите од претходните акции. И во таа насока продолжуваат ваквите акции кои се одлични за Битола која е чувствителна во  овој еколошки сегмент – изјави првиот човек на битолската локална самоуправа, градоначалникот, Владимир Талески.

den na drvo 4

Преку традиционалната акција “Ден на дрвото- засадија својата иднина“, Владата покажува дека се грижи за екологијата во државата , бидејќи покрај законите што ги носи во насока на подобрување на условите за здрава и чиста животна средина, спроведува и вакви благородни акции,  смета пратеникот во републичкото Собрание од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.

-Со ваквите акции, Владата на дело покажува дека спроведува активности кои директно влијаат врз здравјето на граѓаните. Нашата држава ги има усогласено сите закони со европските, иако не сме членка на ЕУ, на тој начин придонесуваме нашите граѓани да живеат во поздрава животна средина- додава, пратеникот, Зоран Илиоски.

ЈП “Комуналец“ активно се вклучи со засадувањето на триста садници, и во текот на годината ова јавно претпријатие над 500 до 1000 се даваат на урбани згради, месни зедници, градинки, училишта, вели директорот Зоран Соклевски.
– Овие еколошки акции мора да продолжуваат. Како податок за граѓаните над триста садници се засадени во еден ден во Општина Битола- додава директорот Соклевски.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*