Советот на општина Новаци во месец декември ќе има полни раце работа. Советниците се собраа на првата од вкупно трите седници кои се планирани да се одржат до крајот на оваа година.
На дневен ред имаше 4 точки.
Советниците донесоа одлука за пристапување кон изработка на локална планска урбанистичка документација ЛУПД за оформување на ГП1 за изградба на спортски комплекс со пратечки содржини на КМ 221/1-дел КО Добромири и КП-7-дел, Новаци општина Новаци.
Го разгледаа барањето на Јонче Ѓорѓиевски од с.Гнеотино да се изврши увид за направената штета од наносите тампон во нивите од патот Брод-Гнеотино.
На Зоран Илиевски од с. Добромири му се одобрија парични средства за погребални трошоци за неговата мајка.
Советниците донесоа одлука за сопствено учество на општина Новаци во висина од 20 % за реализација на проектот за изградба на канал во село Долно Агларци кој ќе се реализира во соработка со Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.
Следната седница на Советот на општина Новаци е закажана за 12 декември (петок) во 12 часот.
К.Ч.