Don't Miss
Home / Uncategorized / Бројни активности на Организацијата на жени од Битола во рамки на 70 годишниот јубилеј

Бројни активности на Организацијата на жени од Битола во рамки на 70 годишниот јубилеј

Организацијата на жени од Битола, годинава го прославува големиот јубилеј, 70 години од основањето. По тој повод, оваа невладина организација, во јубилејната година организира(ше) бројни активности.

Една таква свеченост се одржа и во малата сала на Центарот за култура во Битола.

На неа им  беа доделени благодарници на повеќе поединци и институции од градот заедничката соработка.

По повод јубилејот, на главната прослава и претходеше промоција на документарен филм во рамките на битолско културно лето во режија на Јован Ристовски , како и изложба за сите досегашни активности на организацијата.

-Денешната Организација на жени на Општина Битола-Битола е директен потомок на АФЖ, но во сите овие години на постоење трансформирана во склад со општеството во кое дејствувала и во склад со законските регулативи. Го менувала името, но не и целта. Од 1991 година, Организацијата на жени дејствува самостојно, како невладина, непартиска, непрофитна организација, а со најновите законски регулативи од 2011 година таа е Здружение на граѓани, кое се грижи за местото и улогата на жената во општеството, влез на жената во политиката, децата и нивните проблеми, семејството како клетка на општеството, невработеноста кај жената и ред проблеми кои се поврзани на директен или индиректен начин со жената- вели претседателката на Организација на жени од Битола, Светлана Петковска.

 

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*