Don't Miss
Home / Спорт / Возачите на ЛТД ги започнаа подготовките

Возачите на ЛТД ги започнаа подготовките

Иако,  временските прилики не им одат во прилог, мотокростистите на ЛТД минатиот викенд ги започнаа подготовките за новата сезона.
-Започнавме да тренираме во Грција на патеката кај Толемаида, бидејќи таму е потопло и може да се вози. Но, далеку сме од време какви посакуваме. Засега тренираме само Јован Стојков, а по празниците очекувам да ни се приклучат останатите возачи, вели Борче Костов, кој во новата сезона ќе вози “кавасаки“ од 2015 година.
Инаку за битолскиот мото клуб ЛТД во наредната сезона се очекува да возат десетина возачи во сите категории.

 

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*