На неколку дена пред дочекот на Новата 2015 година, градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески во својот кабинет го одржа својот традиционален (пред)новогодишен прес.
На прес конференцијата Талески ги запозна битолските новинари со реализираните проекти во 2014 година, во сите области како и плановите за идната 2015 година.
-Битолската касарна за Битола во моментот е најголем проект. Во станбениот дел, индивидуалните градби, или трговските центри се започнати голем број градби. Некои се во финална фаза, а некои на самиот почеток. Ние како општина со сите нив имаме потпишано специјални, посебни договори, кои се направени пред почетокот на градбата, а тоа не обврзува да завршиме дел од тоа што е наша обврска во областа на инфраструктурното уредување. За таа намена имаме направено три детални урбанистички планови кои треба да се исполнат со инфраструктура, за потребните многу предвидени објекти, кои се изградени и кои ќе се градат во наредниот период.
Во таа смисла Битола многу инвестира и затоа бараме поддршка од Советот за одобрување на една одлука со која сакаме со Министерството за финансии да ја реализираме, Битола да земе кредит со кое задолжување ќе можеме многу побрзо инфраструктурата да ја средиме и инвеститорите побрзо да ги завршат своите градби. Јас еднаш реков и сега ќе повторам дека Касарната ќе биде големо градилиште и во наредната година.
Талески подоцна се задржа на вложувањата во индустриската зона “ Жабени“.
– Индустриската зона “Жабени”, која инфраструктурано мораме да ја засилиме бидејќи имаме нови инвеститори. Иако времето е тешко и за тие кои инвестираат и кои чекаат да инвестираат, сепак и натаму има голем интерес за купување парцели во Зоната. Пред два месеци имавме продажба на неколку парцели. Имено голема турска компанија купи три парцели. Сакаат забрзано да влезат да градат напролет, нагласи Талески.
На пресот градоначалникот Талески информира дека дел од инвеститорите кои зедоа парцели нема да ги направат фабриките. Двајца или тројца веќе ги вратија парцелите.
Поопширно во новогодишното печатено издание на Битолски весник