По неколку децении постоење во Битола се затвора продавницата за чевли на “Борово”.
Деновиве во оваа продавница се случува тотална распродажба на чевли, бидејќи за неколку дена по барање на новиот сопственик на “ Борово “ оваа продавница мора да се испразни.
Вработените во “Борово“ не сакаа да зборуваат кој ја купи нивната продавница, но според добро информирани извори продавниците на “ Боровo “ не само во Битола, туку и во другите градови во Република Македонија ги купил еден познат македонски тајкун, близок до власта, кој се занимава со продажба на лекови.
Имено, тој ги купил сите продавници и им најавил дека во сегашната продавница на “ Борово “ во Битола, во наредниот период ќе се продава здрава храна и лекарства.
Б.В.