Со приредба за Нова година и Божик беше означен крајот на шестмесечниот проект на општина Новаци со кој беа отворени три игротеки во Живојно, Агларци и Добромири. Проектот е на општина Новаци а е реализиран со помош на УНДП , Агенцијата за вработување и МТСП на РМ.
-Со новогодишни приредби на дечињата во сите три села го означивме завршетокот на овој проект за општинско корисна работа кој е реализиран преку УНДП. Исто така ги посетивме и подвижната игротека во с.Гемријан која е финансирана од ИПА проект за прекугранична соработка како и центарот Бамби во с.Новаци кој успешно работи веќе 10 години. Им доделивме пригодни пакетчиња на сите дечиња , а минатата недела за нив во општината беше изведена новогодишна претстава- рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.
Како и секоја година така и оваа, општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски обезбедија новогодишни пакетчиња за сите дечиња кои посетуваат настава во централното и подрачните училишта „Славко Лумбарковски“.
Новогодишни пакетчиња им беа поделени и на социјално загрозените и многудетните семејства во општина Новаци.
К.Ч.