Don't Miss
Home / Култура / Народниот театар со поддршка од Министерството за култура ќе гостува во Израел

Народниот театар со поддршка од Министерството за култура ќе гостува во Израел

Битолскиот  Народен театар  од Министерството за култура доби поддршка за пет премиерни претстави, а во целост ќе бидат надоместени и трошоците на ансамблот за гостување во Израел.

На сцената на народниот театар во Битола ќе режираат Ѕвездана Ангеловска, Александар Исаков, Лили Абаџиева, Ненад Витанов и гостинот од САД, Џон Блондел.

– За разлика од минатата, годинава Министерството за култура донесе одлука за поголема поддршка и ќе бидат финансирани пет театарски премиери. Освен тоа, нашето Министерство ќе го финансира гостувањето во неколку градови во Израел и Руската Федерација каде ќе ја играме претставата „Среќен крај“, истакна Благој Мицевски, уметнички директор на НУ Народен театар-Битола.

Со средства на Министерството за култура годинава ќе бидат поддржани премиерните претстави „Елка кај Иванови“ од Веденски во режија на Ѕвездана Ангеловска, „Метаморфози“ од Овидиј во режија на Лили Абаџиева, „Боженствена комедија“ од Данте Алегиери во режија на Александар Исаков, потоа претставата „Антониј и Клеопатра“ од Шекспир во режија на Џон Блондел и „Тајното оружје“ на Братислав Димитров во режија на Нанад Витанов.

Министерството за култура ќе го поддржи и финансира и престижниот „Битола Шекспир Фестивал“, потврдуваат од НУ Народен театар-Битола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*