Во салата на Советот на општина Новаци денеска се одржа јавен увид и јавна расправа по Нацрт извештај за стратегиска оцена на локална урбанистичка планска документација ЛУПД за оформување на ГП за изградба на стопански комплекс со придружни содржини на КП 221/1 – дел, КО Добромири и КП – 7 дел, КО Новаци.
Извештајот за стратегиската оцена на животната средина ќе биде изложен во просториите на општина Новаци – одделение за комунални дејности, сообраќај,урбанизам,заштита на животната средина и локален економски развој секој работен ден од 8 до 15 часот до крајот на месец јануари.
Извештајот може да се најде и на веб порталот на општината www.opstinanovaci.gov.mk.
Заинтересираната јавност, правните и физичките лица во текот на 30 дена од денот на објавувањето на споменатите документи, можат да достава мислења во врска со Извештајот за стратегиската оцена на животната средина и тоа во писмена форма до архивата на општина Новаци.