Don't Miss
Home / Uncategorized / Среќникот од Водици ќе ја донира паричната награда што традиционално ја додели Општината

Среќникот од Водици ќе ја донира паричната награда што традиционално ја додели Општината

Среќникот што вчера на  големиот празник Богојавление Христово, Водици, што се празнуваше во дворот на црквата “Св. Димитрија” во Битола, а собра многубројни верници и почитувачи на христијаноството, го фати осветениот крст, Александар Пинзовски, денеска  беше традиционално на прием во кабинетот на градоначалникот Владимир Талески и награден со пригодни подароци.

priem 2   priem 4

– Јас сум голем верник и при скокањето по осветениот крст добив голема сила и успеав во намерата да го дофатам крстот. Да се фати крстот е неописива среќа. На сите верници, и битолчани им посакувам годината да им биде исполнета со многу здравје, љубов и лична и семејна среќа – истакна по средбата со градоначалникот, среќникот Пинзовски.

priem 6  priem 7

Градоначалникот Владимир Талески на среќникот Александар Пинзовски  му подари икона со заштитникот на градот, светецот “Св. Нектариј Битолски” и парична награда .

-Го наградуваме и му посакуваме на Александар   целата година да му биде исполнета со многу здравје и успех- му посака  градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Пинзовски најави дека паричната награда целосно  ќе ја донира, а дел од средствата ќе ги донира и за малиот Давид.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*