Новинарот Томислав Кежаровски е ослободен од издржувањето на преостанатиот дел од казната затвор на којашто беше осуден поради откривање на идентитет на заштитениот сведок.
Оваа одлука не е конечна бидејќи обвинителството има право да ја оспори.
Предлогот за условен отпуст е на директорот на затворот, а одлучува Кривичниот совет на Основниот суд 1.
Кежаровски се отпушта на ден 18.02.2015 година, односно нема потреба да се јавува во затворот откако беше пуштен поради влошена здравствена состојба, а времето на условниот отпуст трае до 27.06.2015 година, односно до истекот на издржувањето на казната.
Оваа одлука Судот ја донесе бидејќи осудениот веќе издржал повеќе од половината од казната затвор, а во период додека тој бил во притвор, покажал беспрекорно и примерно поведение, како и влошената здравствена состојба на осудениот, се вели во соопштението од Основниот суд 1.
Кежаровски беше осуден на четири и пол години затвор за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот Ореше.
Апелациониот суд му ја намали казната затвор на две години и по оваа одлука веднаш беше спроведен на издржување на казната во затворот во Шутка, но беше ослободен поради влошената здравствена состојба.