Фудбалерите на Пелистер од идната седмица ќе ги продолжат подготовките во Турција, во Анталија, во местото кое е база на повеќе од стотина екипи од цела Европа.
Фудбалерите на Пелистер ќе бидат сместени во хотелот “Ела квалити”, каде Пелистер ќе има повластен третман, а ќе биде заедно со уште една екипа и во потполн мир ќе ја подготвува тактиката за пролетниот дел.
Експедицијата на Пелистер ќе помине 12 до 14 дена во “Ела квалити” и предвидени се 4 контролни натпревари, по можност со квалитетни екипи.
Екипата на Пелистер која ќе брои триесетина лица, тренери и фудбалери, ќе замине за Турција со авион од Скопје, а секој момент треба да биде потврден и летот од Скопје до Истанбул, а оттаму до Анталија.
Инаку, во досегашниот дел од подготовките, кои започнаа на 12 јануари, тренерот на Пелистер, Ѓоко Хаџиевски, има на проба околу триесетина фудбалери од кои треба да ги избере првите единаесет за стартот на пролетниот дел.
Во екипата се вклучени и тринаесет-четиринаесет нови млади фудбалери, а колкумина од нив ќе го задоволат вкусот на Хаџиевски, најверојатно ќе се знае по одигрувањето на последниот контролен натпревар на екипата на Пелистер, кој е закажан за 31 јануари, во Дојран.
Противник на “пелистерци”, во последниот тест пред заминувањето ќе биде екипата на Младост од Лучане, со која одиграа еден натпревар во кој Пелистер загуби со 2:1.
Вчера фудбалерите на Пелистер во Охрид, ќе играа пријателски натпревар протов екипата на Спартак од Суботица и се поразени со 2:0.
С.Р.