Со цел да овозможи комуникација на патот Битола Новаци и Новаци Битола, којшто е прекинат, стручните екипи на РЕК Битола веќе подготвуваат подвижен монтажен мост, кој ќе биде поставен на местото каде што е прекинат патот.
Според надлежните во РЕК Битола овој мост би бил наменет за движење на пешаците. Инаку, сообраќајот којшто на овој патен правец е веќе прекинат ќе се одвива преку линијата Аграрци – Далбеговци – Ношпал – Тополчани до Битола.
Б.В.