Home / Македонија / СОНК: Нема казни од екстерното, ќе има поголеми плати во градинките

СОНК: Нема казни од екстерното, ќе има поголеми плати во градинките

Ќе има поголеми плати за вработените во градинките, укинување на казните и наградите за наставниците и за професорите од екстерното тестирање, а пишаните училиштни дневници ќе заминат во историјата .
Ова се главните одлуки кои ги усвоиле одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) и Синдикатот за образование и наука (СОНК). Претседателот на синдикатот Јаким Неделков вели дека до доцна синоќа дебатирале со надлежните во врска со нивните барања.

 
– Со труд и социјала договоривме исплата на плати по колективен договор. Тоа значи дека ако неговател сега зема 12.000 денари, платата ќе му се изедначи со наставник во основно образование. Тоа е една децениска неправда која им беше нанесена на овие луѓе, а која сега успеавме да ја исправиме. За ресорот образование најтешко ни одеа преговорите во однос на екстерното тестирање за казни и награди, бидејќи има псотојни закони за основно и средно образование. Тука се усогласивме овие казни да имаат одложена примена, а казните во иднина ќе се намалат. Нема да бидат казнети тие што сега од февруари требаше да добиваат пониска плата, а нема да има ниту награди – информира за “Нова Македонија” Неделков.

 
Во врска со електронскиот дневник, ќе има максимално рационализирање на се што е потребно да остане во тој дневник.

 
– Речиси е договорено дека ќе се исфрли пишаниот дневник и целата евиденција ќе се води само во електронскиот дневник – додаде тој.

 
Важно е да се истакне, според него, дека казните во основното и средното образование за наставниците, кои сега одат и до 1500 евра, драстично ќе се намалат. Неделков појаснува дека тие ќе бидат многу помали, на пример 50 евра, 100 евра и сл. Но ова, дефинитивно ќе се реши кон крајот на март.СОНК бара и повисоки плати за наставниците од 25 отсто.

 

– Добро е што надлежните воопшто не го отфрлаат барањето за плата, тоа за нас е успех. Ќе продолжиме со преговори за ова, им укажавме дека најниски се платите на луѓето во образование во јавниот сектор. Бараме да се зголеми основицата зависно од сложеноста на работа – информира претседателот на СОНК.

 

Извор: Нова Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*