Во контекст на информациите кои се презентираа во јавноста, во однос на склучените договори за превоз на ученици, Секторот за финансиски прашања на Општина Битола ја дава следната информација за јавноста.
-Превоз на ученици за учебната 2008/2009 година до 31.12.2008 година – се вршеше согласно договори на Министерството за образование и наука со Здружението на превозници „Исток” преку подизведувачи -превозници со седиште на подрачје на Општина Битола. По изестување кон крајот на 2008 година дека од месец јануари, Општината треба да го организира превозот, во недостиг на време Општината спроведе постапка со тендерска документација и податоци од Министерството за образование и наука.Во транспарентната постапка за групна јавна набавка, подизведувачите на дотогашниот носител на договорот од „Здружението на превозници Исток” самостојно се пријавија на истите линии за превоз и со исти цени како и во Министерството.
Учебната 2009/2010 година, Општината спроведе постапка за јавна набавка, со изменети критериуми за доделување на договори за превоз и постигна неколкукратно пониски цени.За секоја наредна година се воведуваат дополнителни критериуми за поголеми заштеди.
Во декември 2012 година, од страна на Министерството за финасии е извршена супервизија врз постапката за склучување на договори за превоз и нема забелешки по истите, односно единствени забелешки беа кој треба да го контролира реализирањето на договорот, кој треба да ги контролира потврдите на учениците и препорака Општината да предвиди средства од својот буџет за покривање на поголемиот износ на трошоци за превоз- стои во информацијата од Општина Битола, испратена до медиумите.
Б.В.