Don't Miss
Home / Култура / Филмот „Ќе бидеме светски прваци” в четврток пред битолската публика

Филмот „Ќе бидеме светски прваци” в четврток пред битолската публика

Во Скопје и Битола, в четврток,  на 19 март премиерно ќе биде прикажан филмот „Ќе бидеме светски прваци” од продуцентите на српската сага „Монтевидео”, во кој глумат и македонските актери Тони Михајловски и Сашко Коцев, а една од насловните песни изведува Даниел Кајмаковски.
Дел од екипата е и Дејан Милошевски, односно продуцентската кука „Револушн”.

„Ќе бидеме светски прваци” е уште една вистинита спортска приказна.
Раскажува за основаците на познатата Југословенска школа за кошарка и за првиот златен медал на светското кошаркарско првенство во Љубљана во 1970 година.
Режијата е на Дарко Бајиќ, сценариото го напиша Небојша Ромчевиќ во соработка со Гордан Михик и Огњен Свиличиќ по идеја на Звонимир Шимунец кој воедно е и автор, и со продуцентот Дејан Петровиќ.
Главните улоги во филмот им се доверени на млади актери – Небојша Поповиќ, кој како „првиот меѓу еднаквите” го почна „кошаркарскиот бум” во поранешна Југославија, го игра Страхиња Блажиќ, Милош Биковиќ е во улога на Радомир Шапер, претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Југославија, Александар Радојчиќ го толкува ликот на Бора Станковиќ кој беше првиот човек на ФИБА, додека Марко Јанкетиќ е во улогата на Александар Николиќ, творецот на југословенската кошаркарска школа, кој воспоставил специфична филозофија за играњето на овој спорт.
Во останатите улоги играат актери од Србија, Хрватска, Словенија и Македонија: Леон Лучев, Сергеј Трифуновиќ, Ива Бабиќ, Небојша Дугалиќ, Нина Јанковиќ, Тамара Драгичевиќ, Стефан Капичиќ, Јуре Хенигман, Горан Богдан, Радован Вујовиќ, Роберт Курбаша, Кресимир Петар Косиќ и други.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*