Приведените двајца битолчани кои беа од страна на битолската полиција осомничени дека ги запалиле возилата, се пуштени на слобода.
По неколкучасовниот распит, битолската полиција доцна вечерва во недостиг на докази ги ослободи двајцата осомничени битолчани за палењето на автомобилите.
Тие беа приведени под сомнение дека ги запалиле автомобилите. Иако тие негираа секаква вмешаност во палењето на автомобилите, сепак, беа задржани на повеќечасовен распит.
Едниот од нив, според извори на Битолски весник дури бил однесен и во Скопје каде бил подлежен на детектор на лаги.
Битолската полиција, и натаму трага по осомничените пиромани коишто во изминатите денови запалија четири патнички возила во Битола.
Б.В.