Don't Miss
Home / Uncategorized / Талески: Паднаа маските на Здружението “За нив се работи“

Талески: Паднаа маските на Здружението “За нив се работи“

На денешната прес-конференција , градоначалникот на Битола, Владимир Талески ги коментираше барањата на Здружението “За нас се работи“ за негова оставка.

 
-Слично како што Јуда за триесет сребреници сакаше од срце да го предаде Исус, овојпат Здружението “За нив се работи“ за 23 илјади долари се испокараа и во својот делириум бараа од градоначалникот оставка. Мислам дека за скоро време ќе се заврши една фаза, оваа оркестрација која е поддржана од Сорос со 23 илјади долари и дел од медиумскиот простор практично ќе приврши, со што идниот период очекуваме да заврши една правна постапка која на виделина ќе исфрли многу работи. Во наредниот период сите платеници на Сорос или попрецизно потплатеници, бидејќи добиваат финансиски средства од други извори, ќе ги видеме во нивната вистинска светлост. Тие кои се декларираат како екологисти, како што укажав порано, точно е дека се занимаваат со политика, и беа продолжена рака на СДСМ поддржани од Сорос беа и драмска секција, нереализирани во нивните улоги, се труди да успее во актуелностите во Општината- рече градоначалникот Владимир Талески кој притоа нагласи дека во наредниот период Општината Битола ќе продолжи преку своите институции да се грижи за чистиот воздух во Битола и дека нема намера во иднина да “соработува“ со Здружението како што го нарече  “За нив се работи“.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*