Вчера, над илјада битолчани од сите возрасти го почнаа протестниот марш во знак на револт за завчерашната прикажана сила врз демонстрантите во Скопје.
Иако, протестот кој започна кај спортската сала “Младост” продолжи пред СВР-Битола каде демонстрантите само кусо се задржаа и протестот го продолжија пред Општина Битола.
Силен кордон полиција ја обезбедуваше зградата на Општината каде што протестантите бараа оставка од градоначалникот Владимир Талески.
Б.В.
Фото: Сашо Ристевски