Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ за денеска во 20 часот најави голем митинг за поддршка на стабилна и силна Македонија.
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров во најавата за митингот порача дека ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш до сега ќе се бори за стабилна, силна и економски развиена Македонија и нема да дозволи заради ниту еден личен или партиски интерес државата да биде втурната во правец кој ќе е на штета на секој еден граѓанин на земјата.