По затворањето на почесните конзулати на Велика Британија, Словенија и Хрватска, во Битола свечено е отворен нов почесен конзулат.
Почесен конзулат во Битола отвори Република Австрија, која за почесен конзул ја именува д-р. Валентина Илиева, професорка по германски јазик.
На свеченото отворање на австрискиот конзуалт во Битола присуствуваше и амбасадорот на Република Австрија во Македонија д-р. Томас Михаел Бајер, генералниот секретар од Министерството за надворешни работи на Австрија д-р Михаел Линхарт со неговата делегација од Виена, како и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Елена Кузмановска.
Свеченоста со своето присуство ја збогати и амбасадорката на Франција во Македонија, нејзината екселенција Лорен Оер.
Инаку со отворањето на австрискиот конзулат во Битола, Австрија практично го обнови својот конзулат, бидејќи првиот австриски конзулат во Битола, Република Австрија го отвори уште на 21 ноември 1851.
Б.В.