Don't Miss
Home / Спорт / Прва фудалска лига – жени: Топ гол го победи Борец во Купот и првенството

Прва фудалска лига – жени: Топ гол го победи Борец во Купот и првенството

На фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола пред околу 150 гледачи минатиот четврток  екипите на Топ гол и Борец се сретнаа во рамките 1/4 финалето од купот на Македонија. Битолчанки издвојуваа победа со конечен резултат 3:1, а на полувреме 2:0. ж

Стрелци на головите за домаќините беа Белистојаноска во 21, Кокаловска во 35 и 72, а за гостите Гегова во 85 минута. Со оваа победа Топ гол се пласира во 1/2 финалето од купот и понатаму  очекува противник од екипите на Драгон, Истатов  и Конзули.

За Топ гол настапија: Лекоска, Бошеска, Китанова, Велеска, Белистојаноска, Кокалоска, Хусеин, Јанкоска, Ѓоргиоска, Данчева, Ристевска, а уште играа: Арсовска, Петревска, Јошевска, Јанковска и Петровска.

На вториот дуел помеѓу истите екипи но сега во рамките на 14 коло од ПМФЛ – жени, би-толчанки повторно ја совладаа екипата на Борец со конечен резултат од 4:1, а на полувреме 2:1. Головите за битолчанки ги постигнаа Белистојаноска во 9 и 84, Данчева во 35 и Петровска во 75 минута.

За гостите едниствениот погодок го постигна Гегова во 24 минута.

-Им честитам на моите фудбалерки за пласманот во 1/2 финалето и новата  победа во првенството. Доминиравме на двата  натпревари каде создадовме огромен број на шанси од кои за жал успеавме да реализираме само неколку. Со екипата на Борец одигравме два натпревари во рок од три дена, и имавме  малку време за одмор  и анализа, а  заморот веќе се чуствуваше на вториот меч. Сега следува пауза во првенството поради настап на нашата У19  селекција против соодветната репрезентација на Албанија, а пузата ќе ја искористиме за одмор и подготовка за следното коло. Упатувам пофални зборови за гостите за фер-плеј играта, изјави Кире Грбевски, тренер на Топ гол.

 

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*