Don't Miss
Home / Uncategorized / Се модернизира битолскиот Пазар

Се модернизира битолскиот Пазар

Јавното претпријатие “ Пазари “ од Битола со поддршка на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Бирото за регионален развој на Република Македонија,   во Битола го помовираа проектот за модернизирање на битолскиот пазар, во кој ќе бидат  инвестирани над 6 милиони денари.

Со овој проект ќе се изградат 6 павиљони, целосно нова кровна  метална конструкција,  изработена од термоизолационен лим  каде ќе бидат поставени  нови 84 тезги за продажба  на  зеленчук, овошје,  а дел  за продажба на текстилни производи.

Воедно со овој проект ќе се изгради  плато со површина од 770 м2 кое ќе биде поплочено со бехатон плочки,  а ќе биде изработена и нова канализациона мрежа и нова електрична инсталација со комплет опрема и светлосни тела.

За реализација на овој проект дадоа поддршка сите девет општни од Пелагонискиот регион, бидејќи кон битолскиот пазар гравитираат  жителите од општините   Битола, Новаци Могила и Демир Хисар.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*