Наскоро, фонтаната пред Заводот и музеј во Битола која што долго време беше мета на пишувачите на графити, ќе добие нов лик.
Денеска, просторот околу фонтаната беше затворен, и како што дознаваме во наредните денови ќе почне реновирањето и реконструкцијата на оваа фонтана во централното градско подрачје.
Со повторното пуштање на фонтаната во функција, Битола ќе добие уште едно пријатно катче за разонода и освежување.
Да потсетиме, фонтаната е изградена во 1977 година.
Б.В.