Битолската полиција, денеска, излезе со штуро објаснување во врска со вчерашниот немил настан во којшто од огнено оружје беше повреден екс-пратеникот Борче Петковски.
Според СВР Битола инцидентот се случил околу 13 часот и 30 минути на улицата “4 Ноември“, додека разговарале лицата Љ.Ч. (55), Б.П.(50), З.В.(57) и П.В. (31) сите од Битола.
Додека тие разговарале меѓусебе, во еден момент слушнале звук при што екс-пратеникот Борче Петковски почувствувал удар во левата нога, по што веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде е констатирана прострелна рана од огнено оружје, а по укажаната помош, тој бил пуштен на домашно лекување.
Од страна на СВР-Битола е извршен увид на местото на немилиот настан , стои во соопштението на СВР-Битола која презема истражни мерки за целосно расчистување на случајот.
Инаку во Битола, засега има многу верзии околу пукањето во екс-пратеникот на СДСМ, Борче Петковски.
Б.В.