Home / Uncategorized / Полицијата го расчистува случајот со пукањето во екс пратеникот

Полицијата го расчистува случајот со пукањето во екс пратеникот

Битолската полиција, денеска, излезе со штуро објаснување во врска со вчерашниот немил настан во којшто од огнено оружје беше повреден екс-пратеникот Борче Петковски.

Според СВР Битола инцидентот се случил околу 13 часот и 30 минути на улицата “4 Ноември“, додека разговарале лицата Љ.Ч. (55), Б.П.(50), З.В.(57) и П.В. (31) сите од Битола.

Додека тие разговарале меѓусебе, во еден момент слушнале звук при што екс-пратеникот Борче Петковски почувствувал удар во левата нога, по што веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде е констатирана прострелна рана од огнено оружје, а по укажаната помош, тој бил пуштен на домашно лекување.

Од страна на СВР-Битола е извршен увид на местото на немилиот настан , стои во соопштението на СВР-Битола која презема истражни мерки за целосно расчистување на случајот.

Инаку во Битола, засега има многу верзии околу пукањето во екс-пратеникот на СДСМ, Борче Петковски.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*