Во врска со притворањето на Талески и одредувањето на куќен притвор од 30 дена со реакција се јави и градоначалникиот на општина Карпош во Скопје, Стевчо Јакимовски. Во неговата реакција меѓу друго се вели.
„Јас само сакам да прашам: Колку пати Зоран Заев во текот на 365 дена може да го повтори кривичното дело поткуп? И како е можно тој да не е притворен, а да се бара куќен притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талески? Мене не ми е јасно како тоа Талески со уште 21 човек, значи 22 лица седнале на маса и се договориле да прават криминал, односно да ја оштетуваат општината. За мене ова јасно покажува дека уште од самиот старт во овој случај имаме една опасна политичка манипулација со далекусежни последици врз правниот систем на Република Македонија”, праша градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.
Б.В.