Don't Miss
Home / Македонија / На „Ало докторе“ 1.229 повици за една недела

На „Ало докторе“ 1.229 повици за една недела

– На телефонскиот број за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела се регистрирани 1.229 повици, а од ставањето во функција на линијата во септември 2014 година вкупно 103.219 јавувања – соопшти денеска Здравствен дом Скопје.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во момент на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

За медицински совет се достапни 25 доктори, а повиците се од граѓани од сите градови на Македонија. Јавувањата се со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни, респираторни симптоми, главоболки поврзани со променливото време, алергиски реакции и симптомна болка.

Од Здравствен дом Скопје истакнуваат дека на сите лица кои побараа медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*