Don't Miss
Home / Култура / Концерт на класична музика во рамките на “Културното лето Новаци 2016“

Концерт на класична музика во рамките на “Културното лето Новаци 2016“

Во Младинскиот културен центар во Новаци синоќа , во рамките на Културното лето Новаци се одржа концерт на класична музика насловен „Бела виолина” – јулска вечер.

М-р Пламенка Трајковска – виолина, е академски музичар која, своето музичко образование го стекнува на ФМУ во класата на Проф. М.Куфојанакис.

Од 1994 година таа е постојан член на Македонската филхармонија.

Во рамките на концертот пред публиката се претстави со класична музика и композиции во crossover стил за соло виолина.

На концертот беа изведени композиции од албумот Апасионато, латино теми, и македонски традиционални композиции. Дел од композициите беа изведени токму со специјалната бела електрична виолина.

Концертот беше збогатен со мултимедијални елементи како специјални светлосни ефекти и видео проекција која преку слики врзани за секоја од композициите допринесе за зголемување на атрактивноста и доближување до публиката.

Покрај реномираната виолинистка Пламенка Трајковска, на концертот учество  зедоа Злата Тошевска-сопран, Марко Димовски-баритон, Горјана Стојановска-уметнички соработник, како и танцовата двојка, Даниел и Тина.

Злата Тошевска-сопран, дипломира на ФМУ во Скопје со највисока оцена ЦУМ ЛАУДЕ во класата на примадоната Славица Петровска – Галиќ.

Во својата досегашна кариера, Тошевска вбројува голем број на настапи во Македонија а и надвор од неа.

Две години по ред е избрана е како солист на свечениот концерт „Коста Трпков” со оркестарот на Македонската опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ.

Посетува 7 мастер класи по оперско пеење. Во ноември 2015 таа го има своето оперско деби во улогата на Анина во операта „Травијата” од Џ. Верди на сцената на Македонската опера и балет а во декември 2015 таа дебитира и во мјузикл во улогите на Јенте и Фрума Сара во мјузклот „Свирач на покрив” на Џ. Бок кој се изведува на сцената на Македонската опера и балет во соработка со Факултетот за музичка уметност од Скопје.

Марко Димовски- баритон, основно училиште завршува во Битола и се запишува на Државното медицинско училиште „Јован Калаузи” – Битола, но, низ годините ентузијазмот кон музиката прераснува во огромна љубов која и ќе го натера да ја бара својата иднина и да гради кариера како оперски пејач.

Се запишува на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот по соло пеење во класата на примадоната Весна Ѓиновска Илкова со која работи две години, а потоа тој продолжува во класата на водечкиот бас Игор Дурловски кој тој го води во понатамошниот развој како баритон.

Културното лето Новаци 2016  ќе трае до 28 август за кога е предвиден концерт на реномираната македонска група “Синтезис“.

 

Б.В. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*