Don't Miss
Home / Спорт / Заврши меѓународниот фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп 2016“

Заврши меѓународниот фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп 2016“

Заврши меѓународниот фудбалски турнир “Новаци ЛГ Куп 2016“, на кој фудбалските вештини ги одмерија околу 600 млади фудбалери 2002-2008 генерација од пионерските клубови на Србија, БиХ, Грција и Македонија.

На дводневниот меѓународен фудбалски турнир “Новаци ЛГ Куп 2016“ беа доделени следните награди:

-Во генерација 2002  четвртото место го освои ФК Сремчица , Србија, трето место за ФК ПАС Флорина, второ место екипата од ЛГ Битола а првото место му припадна на ФК Пелистер, Битола.

Во генерација 2004 за најдобар голман беше прогласен Атанасиос Ставридис од ФК Пас Флорина, најдобар стрелец Талевски Михаил  од ЛГ Битола а најдобар играч пападопулос Христос од ПАС Флорина.

Четврто место освои ФК Букуроца, Прешево, Србија, третото место го освоија фудбалерите ФК Пелистер Битола, второто место го освои екипата на ЛГ Битола а првото место му припадна на ПАС Флорина.

Во генерација 2006 за најдобар голман беше прогласен  Наталиен  Димовски  од ФК Пелистер, за најдобар стрелец беше прогласен  Благојче Стојчев  од ФК Форца, а најдобар играч беше  Габриел Крстевски  од ЛГ Битола.

Четврто место освои ФК Перак Прилеп, третото место го освоија фудбалерите на ФК Пелистер  , второ место ФК Форца  а првото место му припадна на ЛГ Битола.

Во генерација 2007 за најдобар голман беше прогласен Михаил Блажевски од Топ гол од Битола, најдобар стрелец Данило Савин од Руданка, БИХ, а најдобар играч  Бобан Кузмановски  од Фер Плеј.

Четврто место во оваа генерација освои ФК Фер плеј,третото место го освоија фудбалерите на Топ гол, второ место Руданка од БИХ, а првото место му припадна на екипата на Фер Плеј.

Во генерација 2008 за најдобар голман беше прогласен  Јован Симоновски  од Прилеп, а најдобар играч Лука Варашановски од Прилеп.

Четврто место во оваа генерација освои ФК Пелистер. третото место го освоија фудбалерите на ФК Форца, второ место ЛГ Битола, а првото место му припадна на екипата на Прилеп.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*