Продолжува истрагата за сообраќајната несреќа во Турција кога туристички автобус од Македонија во сопственост на скопската фирма „Бога транспорт“ со скопски регистарски таблички удрил во камион со приколка, во близина на градот Малкара.
Во притвор се двајцата возачи, на автобусот и на камионот. Македонското МНР, амбасадата во Анкара и конзулатот во Истанбул се во постојана комуникација со турските надлежни власти.
Во несреќата загина 45- годишен жител на Струмица, а беа повредени 38 патници, од кои 5-мина потешко.