Don't Miss
Home / Македонија / Проблемот со мигрантите треба заеднички да го решаваме

Проблемот со мигрантите треба заеднички да го решаваме

Нагласувајќи дека  тешкотиите  и проблемите кои ги има Република Македонија со мигрантите  веднаш се пренесуваат и на Србија,  претседателот на Србија,  Томислав Николиќ, кој присуствуваше на одбележувањето на 100. годишнината од битката  на Кајмакчалан,  за време на кусата  посета  на  Битола, во изјави за медиумите  меѓу другото истакна дека  проблемот со мигрантите  е заеднички проблем на двете држави и дека Србија и Македонија треба заеднички да го решаваат.

-За мене е неприфативо Европа да ги затвора границите, а границите на Србија и на Република Македонија да останат отворени, истакна Николиќ.

Според  Николиќ, кога станува збор за кризата со бегалците  земјите кои се во Европската унија добиваат  поголема помош, а тие кои не се, далеку помала.

-Неприфатливо е Европа на половина држави во ЕУ  да ги штити своите граници. Таа е должна да ги штити на почетокот. Тоа што нас не не примија,  нека не заобиколат, рече Николиќ.

Зборувајќи  за евроинтерграциите на Србија и Република Македонија претседателот на  Србија, Томислав Николиќ истакна дека Македонија ја имала и ќе ја има поддршката на Србија.

– Ние секаде   сме на страната на Македонија во повеќето проблеми  кои ги има . Ние се однесуваме како пријатели  каде што Македонија има проблем.  Живееме на Балканот, а  некои земји  кои се тргнаа од Балканот  сега  се сметаат за европјани  и   нас ни оставија простор кој го викаат Западен  Балкан. Некои од нив се однесуваат како бродоломци, кои се  качиле на чамец за спасување  и сега  ги спречуваат останатите да се спасат. Очигледно е дека некој ја остава Република  Македонија и Босна настрана во процесот на евроинтеграција, а  нам некои наши соседи  отворено ни велат дека  нема да не пуштат далеку  да одиме во  евроинтеграциите, истакна Николиќ.

Претседателот  на Република Македонија Ѓорге  Иванов, кој му се заблагодари на Николиќ за помошта што Србија и ја пружи на Скопје и Скопско по поплавите,  нагласи дека со оваа  средба  Република Македонија  укажува дека сите прашања  можат да се решаваат  преку дијалог, а особено на највисоко ниво, кој треба да го следат и другите институции во нашите две држави.

-Ние како Република Македонија  настојуваме со сите наши соседи да градиме добрососедски односи и оваа посета,  која е во рамките на одбележувањето на  100. годишнината од битката кај Кајмакчалан како и претходните прослави  на Забрњак  и Свети Сава тоа се  укажува како   Македонија  сака да ги гради  односите со своите соседи. Затоа очекуваме и Република Србија да излезе во пресрет  на оние одбележувања на настани,  кои ги имаме ние од наша страна, кои се  на територијата на Република Србија.   Ние како претседатели не можеме да ја смениме историјата, но можеме да ја менуваме сегашноста и да влијаеме на иднината, нагласи Иванов.

Затоа, според шефот на државата,  Иванов  успорувањето на процесот на  евроинтеграција на нашиот регион го сметаме на некој начин на нешто кое влијае на онаа сила и онаа енергија,  која ги трансформира нашите општества.

-Ние како Македонија  сме блокирани, во тој процес, Србија  напредува и ние им посакуваме што побрзо да ги затворат поглавјата кои им се отворени  и да отворат нови, но нам таа енергија, ни е скратена зошто сме блокирани, бидејќи  сеуште немаме добиено датум кога треба да ги почнеме преговорите за евроинтергација.

Ние кои живееме на Балканот мора да ја гледаме големата слика  и да помагаме целиот Балкан да напредува, зошто тоа е во интерес на сите нас- порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов на денешниот настан во Битола.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*